Мисијата на „Единак“

Здружението за атлетски и планински спортови „Единак”- Прилеп е формирано во 2015 година на самоиницијативна идеја од страна на неколку ентузијасти од областа на планинските спортови.

Формирано е за задоволување на сопствените потреби и интереси од областа на спортот, а воедно и за подигнување на спортската култура кај луѓето.

Активностите на Здружението ги остварува низ пропагирање и изведување на спортски вежби и активности од областа на атлетиката и планинските спортови. Здружението за атлетски и планински спортови „Единак” ќе се залага за популаризација, едукација, и афирмација на атлетиката, планинското трчање и планинските спортови, ќе учествува и ќе организира спортски натпревари и ќе соработува со сите здруженија во Република Македонија. Во програмата за работа, но и како целење на Здружението Единак е:

– Учество на домашни и меѓународни натпревари во атлетски и планински спортови

-Организирање на натпревари во атлетски и планински портови

-Соработка со други здруженија и клубови во областа на атлетиката и планинските спортови

-Организирање на планинарски тури низ Македонија и надвор од државата -Учество на семинари од областа на спортот

-Организирање на трибини и семинари за подигнување на свеста на луѓето за спортување и водење на здрави навики

-Логистичка поддршка на други здруженија во организирањето на планински трки и тури

406 total views, 1 views today