Category: Тури

Јумрија – карпестиот личен каршилак на вгордеаниот Златоврв

Кога си на Јумрија, копнееш за Златоврв и со поглед го галиш неговиот строг карпест восторг, се стремиш кон него, додека настројбата ти танцува низ карпестиот раскош и импресивни каменести форми на неговиот понизок, но ништо помалку достоен каршилак по планинска убост и дивост. Јумрија е карпесто извишување кое доаѓа како некој вид на пониско продолжение на златоврвниот масив на…

274 total views, 1 views today

Трескавец – порака постара од времето, посодржајна од просторот

Да се изгради дом посветен на Мајката Божја, блиску до небото ама и блиску до луѓето, оддалечен од земските искушенија а сепак достапен за сите добронамерници, скромен, но духовно раскошен…звучи како прилично невозможна задача…но, само за оние кои не биле на Трескавец. Соочувајќи се со предизвикот, локалните градители, според една од легендите за манастирот потпомогнати од некоја чудесна сила, биле…

953 total views, 1 views today

Кога ноќта и денот се љубат под Солунска Глава: Тивката возвишеност на Марина Рупа

За Долна Бабина Дупка, за Солунска Глава, за околната соголена врвична убавина и за Јакупица, генерално, веројатно не треба да трошиме многу епитети и пофални зборови. Кој бил – знае. Но, често, многу често, после враќањето од планина, наталожените емоции, импресии, чувства и мисли, бараат стерна од најсредето на човечката настројба, за да ’рзнат со незадржлив импулс во форма на…

1,829 total views, 1 views today

Врвична сакралност: Светото тројство на „Шарската круна“

Искусните велат, на планина не се оди со гордост и желба за освојување туку со скромност и манири на добар гостин. Со такво убедување и таков нарав во раните часови од едно саботно предобденување дел од екипата на „Единак“ ја започна својата авантура за еднодневна прошетка по убавицата Шара. Трите часа возење од Прилеп до Попова Шапка беа повеќе од…

904 total views, 1 views today

Мусала – тронската гордост на балканските висови

Да се биде на врвот не е само состојба на телото, туку многу повеќе и настројба на духот, ментална опстојба која го дразни чувството за високи дразби, за силни дразби, чувството за стремеж кон висините, за копнеж по божественото во нас. Оти на чоека му е најблиска божественоста, а сепак толку далечна, толку мистично недофатна. И при таа песимистичност на…

1,218 total views, 2 views today

По стапките од Momata Rock Trail – залезно воспевање на планинската убост

Кога ќе кинисаш од преддворјето на селчанскиот манастир Свети Димитриј, скрасен среде газираниот боров воздух во подножјето на Селечка Планина, во близина на Прилеп, после патеката низ шумскиот појас, пред тебе се отвора раскошното гостопримство на планинската красотија. Карпи, ниски шумести предели, повторно карпи, проблесоци на симпатични лединки, а меѓу сите нив, стамена и вгордеана – карпестата убавица Момата (кај…

859 total views, 1 views today