Како си поминавме на Momata Rock Trail 2017 – од наш агол

Кога сликите говорат повеќе од секој збор, секоја реченица, секој израз, па на мислите им е потесно во текстот отколку во широчината на асоцијативната, експресивната и понепосредна моќ на фотографијата, тогаш веројатно нема што многу да глаголиме за тоа како си поминавме ние, како организатори и волонтерски ангажирани поддржувачи на организацијата, на Momata Rock Trail 2017.

Трето издание, за нас многу значајно затоа што успеавме во три години, со акцент на оваа, да ја издигнеме и испромовираме трката како позитивен настан, на организациски план, на едно повисоко ниво. Или барем ние сметаме дека достигнавме некое такво ниво. Башка, пропратни семејни дружења и љубопитни посетители кои се распрашуваа што се случува, па остануваа да пречекаат некој од учесниците и да го наградат со аплауз како поздрав и поддршка – Momata Rock Trail се трудиме да премине во настан кој не само што ќе има некаков формат со натпреварувачки карактер, туку многу повеќе друштвен, забавен и атрактивен рекреативен настан кој нуди задоволство и ги анимира и оние кои од страна го следат случувањето, за да можат и тие да уживаат во енергијата која (си) ја споделуваме ние.

А за другото искуство, она учесничкото, најнепосредното и најискреното, најзначајното, ќе треба вие да си кажете. За тоа е тука и поткатегоријата на нашиот сајт „Сподели искуство од Momata Rock Trail“, која е иницирана и замислена за објавување на сите ваши искуства од трката пренесени во текстуален формат, без никаква корекција и интервенција од наша страна – обајвени онака како што ќе ги добиеме и како што ќе ги срочите вие. А сега, уживајте во дел од фотографиите од „трета мајка“ на Momata Rock Trail.

Се забавуваа и најмалите

Семејни радости и тркачки обиди по трасата од Momata Rock Trail

Спонзорска – огромна благодарност до „Мермерен комбинат“ и џез клуб “Take Five”

Мал новитет – мотивациско симболично внимание до првичните меѓу врвичните, мермерни плакети со ликот на Момата за најбрзите во машка и женска конкуренција

Малиот после трката се фалеше дека „многу му било убаво на планина“. Догодина пак, маленки человек. 😀

Уште една од спонзорските – огромна благодарност до Атлантик Група за Цедевита освежувањето кое беше вистински избор за рехидрирање како на контролниот пункт кај домот „Томе Темелкоски“, така и на финишот, а благодарност и до Кожувчанка за поддршката со водата која исто така беше одличен и битен освежувачки фактор за тркачите.

Муабети за разни настани и случувања по трките и патеките – со гуру Трајче Панковски

Се спрема финишот

Началничка – Филип Туманоски, еден од моторите на Momata Rock Trail.

Најпрвичниот меѓу еднакво врвичните – Александар Кирковски

Нов рекорд на патеката – 1:51:54.

Уште една тркачка машина – Бонев.

Прилепскиот булдожер на планинските патеки – Александар Стојкоски

Сериозно опасен „играч“ – Филип Тодоровски.

Тодевски, Жикица, Јосифов

Меѓусебни честитки за успешната трка

Најбрзиот меѓу сениорските учесници – Благоја Ацковски

Спонзорска – Swisslion големо благодариме од нас до вас.

Прилепските борци Антонио Каранфилоски и Марио Котески

Првична меѓу врвичните – прво место за прилеспката одлична и најдобра тркачка Мери Мирческа

Благодарност и до Red Bull

Една слика – милион зборови. Другарот Марјан Станиќ, прекален пријател со планинските патеки и врвични дразби, сефте организирана трка за него. Да се множат и да се гледаме почесто, побратиме.

И официјално прогласена за фотографија на овогодинешното издание на трката – Momata Rock Trail 2017. Бојан Мицковски.

И о

Драг лик – Пирко, дел од моторот и душата на планинските трки околу Прилеп.

Кирил – втор по пласман во конкуренција на највозрасни учесници, сениори.

Посветеност на спортскиот дух и рекреативноста.

Подготовка за подиум.

Трето место, женска конкуренција – Елена Џекова

Второ место, женска конкуренција – Благица Јованова

Со победничката во женска конкуренција и на ова издание на Momata Rock Trail – Мери Мирческа

И нашата маленкост со најбрзите девојки на патеката.

Трето место на Momata Rock Trail – Александар Стојкоски

Второ место – секогаш ведриот и расположен Марјан Бонев

Прво место со рекорд на Momata Rock Trail – Александар Кирковски, Моцарт на планинските патеки

Екипна радост, наша гордост.

Шампионот и идниот „директор“ на трката. 😀

„Трио фантастико“, радости недоброј на финишот – Александра Ѓорѓиевска, Светлана Стојаноска и Златко Жоглев

Драги ликови – нашите пријатели Ацо и Маре, како и секоја година, планинска прошетка по Momata Rock Trail.

Заборавена детска радост – нашата нова маскота (го знаеме малото сопствениче, не радуваше цело време на финишот и го има и на „фотографијата на овогодинешната трка“, во прва прилика ќе правиме размена – куклето за една искрена детска насмевка. Другарки и другари, се гледаме и трчаме догодина. Дотогаш – здрави, весели и духот секогаш горе.

1,838 total views, 1 views today

  1 comment for “Како си поминавме на Momata Rock Trail 2017 – од наш агол

  1. Marjan
    May 17, 2017 at 4:57 pm

    Eeeee druzja!

    Trailot e cut of the cut! Atmosferata milina! Vremeto na 14.maj 2017 na Selecka bese… to’ e!

    p.s. Blazesi mu na tie sto mozat skroz da se pustat na udolnici… a da bese finishot na Kjuleto…. eeeee! 😉

    Ve saka MarS

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *