Врвична сакралност: Светото тројство на „Шарската круна“

Искусните велат, на планина не се оди со гордост и желба за освојување туку со скромност и манири на добар гостин. Со такво убедување и таков нарав во раните часови од едно саботно предобденување дел од екипата на „Единак“ ја започна својата авантура за еднодневна прошетка по убавицата Шара. Трите часа возење од Прилеп до Попова Шапка беа повеќе од…

967 total views, no views today

Од личен агол: Трчањето како „превозно средство“ – преиспитување на карактерот и можностите

Ако предизвикот да се стигне што побрзо од една точка до друга е перманентен категорички императив на човечката цивилизација, тогаш нема што да правиме муабет, авионите, автомобилите и други брзи превозни средства одамна го газат времето во тој поглед, а нивниот прогрес не застанува тука. Но, поривот и желбата за збогатено искуство, за реално чувствување на средината низ која се…

768 total views, no views today

Мусала – тронската гордост на балканските висови

Да се биде на врвот не е само состојба на телото, туку многу повеќе и настројба на духот, ментална опстојба која го дразни чувството за високи дразби, за силни дразби, чувството за стремеж кон висините, за копнеж по божественото во нас. Оти на чоека му е најблиска божественоста, а сепак толку далечна, толку мистично недофатна. И при таа песимистичност на…

1,295 total views, 1 views today

Влегување во новата авантура и предизвикот кој ве чека.

Сите вие кои сте трчале по асфалт, а не сте пробале со планинарење, сè уште не знаете што точно значи планинското трчање. За планинското трчање не постои некоја општо прифатена дефиниција, но може да се каже дека тоа е спорт кој комбинира трчање и планинарење, каде што потенцијалниот тркач, односно планинар, е значајна компонента во тежината на патеката. Кога веќе…

906 total views, 1 views today

Планинарска тура: Ниже Поле – Големо езеро – Врв Ветерница (Национален парк „Пелистер“)

КРАТОК ОПИС НА ТУРАТА Турата започнува во близина на ски центарот Ниже поле на надморска висина од 1.360 метри. Следејќи совршено обликувана планинска линија, патувањето во пријатно темпо достигнува до највисоките предели на Националниот парк Пелистер, обезбедувајќи духовна наслада како компензација за првите капки пот на вашето чело. По 3 часа уживање, тишина што годи и исполнува, свеж ветер и…

1,561 total views, 1 views today

По стапките од Momata Rock Trail – залезно воспевање на планинската убост

Кога ќе кинисаш од преддворјето на селчанскиот манастир Свети Димитриј, скрасен среде газираниот боров воздух во подножјето на Селечка Планина, во близина на Прилеп, после патеката низ шумскиот појас, пред тебе се отвора раскошното гостопримство на планинската красотија. Карпи, ниски шумести предели, повторно карпи, проблесоци на симпатични лединки, а меѓу сите нив, стамена и вгордеана – карпестата убавица Момата (кај…

929 total views, 1 views today

Мисијата на „Единак“

Здружението за атлетски и планински спортови „Единак”- Прилеп е формирано во 2015 година на самоиницијативна идеја од страна на неколку ентузијасти од областа на планинските спортови. Формирано е за задоволување на сопствените потреби и интереси од областа на спортот, а воедно и за подигнување на спортската култура кај луѓето. Активностите на Здружението ги остварува низ пропагирање и изведување на спортски…

519 total views, 1 views today

Приказната наречена Momata Rock Trail

Приказната за раѓањето на планинската трка Momata Rock Trail своите романтични корени ги влече од дружбата и духовната припадност кон планините, висините, спортскиот дух и физичките предизвици на двајца ентузијасти и непоправливо страсни вљубеници во природата и дивоста. А се материјализираше на падините од Селечка Планина, инспирирана од култната карпа наречена Момата, која достоинствено ги краси ниските делови на Селечка,…

659 total views, no views today