Веливрв и шумските импресии на Голјак планина

Планинарските запознавања, пријателства и дружби имаат некоја своја засебна енергија која создава блискост иако луѓето кои ги среќавате на такви места најчесто ретко ги среќавате, а сепак имате чувство како да ги знаете. Да ги знаете добро и одамна.

Кинис од бржданските сокаци

Панорамски поглед од село Брждани

Врвулеста група на ведри и позитивни луѓе

Токму овој порив и размената на таква енергија, склопувањето на такви пријателства, во комбинација со запознавачкото, иницијациско искуство на, како што ние често милуваме да си ги викаме, „некомерцијалните“ планински и врвични убавини кај нас, не поттикна да им се придружиме во реализацијата на првиот меморијален марш (23 јули, 2017 година) посветен на прерано починатиот планинар Сашо Костадиновски на нашите пријатели по планини, планински мераци и врвови од Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ од Кичево (нешто кое, мора да признаеме, од субјективни светогледни пориви, досега никогаш не сме го направиле – учество на колективнмо искачување на планински врв).

Први планински импресии

И нови панорамски глетки со поглед до недоглед

Планината Голјак, со врвична одредница на 1.535 метри над морето наречена Веливрв беше доволно предизвикувачка комбинација од топоними (дотогаш, еве и тоа признаваме, немавме чуено за планината и врвот) за да се најавиме и формално како учесници од планинарско друштво (ЗАПС „Единак“ – Прилеп) и да бидеме дел од оваа планинска авантура.

Шумски приказни1

Шумски приказни 2

Шумски приказни 3

…па и 4

А зошто да не и 5

Голјак е средновисока планина која ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река.
Предвидено е искачување на Веливрв, највисокиот врв на планината, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север и Буковиќ на североисток (ова стоеше во описот на турата која ја најавија „ендорфинците“, опис кој беше доволно примамлив за да не се каеме што воопшто решивме да одиме. И не зажаливме, искрено).

Пауза кај симпатичната шумска куќарка

Feather girl

Многу зеленило за одмор на очите

И нови шумски приказни

И шумски импресии

Меѓу вгордеаните горштаци на шумскиот восторг

Искачувањето започнува од с. Брждани (Горно Маало), а должината на патеката во двата правца изнесуваше околу 13 км, со вреќање по истата патека до селото Брждани од каде што беше кинисот. Патеката во најголем дел од својата должина (речиси 95 проценти од истата) се движеше низ шумски предел, претежно буков, што овозможуваше пријатно пешачење и во жешките периоди од денот – многу важен фактор за летните планински искачувања и прошетки.

Лековитоста на шумските паузи

И разговори

Врвот, иако „гол“ и изложен на директни сончеви зраци, нудеше востоличеност на врвичната настројба која се калеше преку пешачењето до неговата планинска висост, од каде се ширеа фантастични панорамски глетки кон претходно споменатите планински топоними.

Енергијата на новите панорамски видици

За нови сили кон врвичната крајна одредница

И уживање во летните бои на ледините

Нашето прво планинарско искуство во форма на планинарски марш (повторно ќе потенцираме, „осаменичкото“ искачување на планинските предизвици е наш индивидуален светоглед и филозофски принцип на доживување и поимање на планината како засебен ентитет), благодарение на планинарските пријатели од Кичево, си го зачувавме како одлично и пријатно планинско искуство низ кое се стекнавме со сродни по порив и настројба духови кои знаат зошто одат на планина. А тоа, сепак, е најважниот впечаток кој може да се стекне од такви колективни потфати ,чувството на взаемна припадност токму таму и каде што сте се сретнале – на планина.

Синергија на разни енергии и настројби

Колоритни мераци

Кон Веливрв

Со прописна раскошност на отворениот панорамски поглед кон сите страни

На Веливрв

И глетка кон Бабин срт

И Крчин и Дешат во позадина

И за крај ние, „Единаците“

Фотографии и текст: Александар Еленин

762 total views, 1 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *