Изгрејсонце на Пелистер: Соблазнение на врвичното тихување

Кога тргнуваш кон врвот, тргнуваш за по којзнае кој пат да си го преиспиташ карактерот, да си ја закрепнеш волјата, да си ги прочистиш думите и да ја возвишиш духовната настројба. А врвот, со сета негова благост, суровост, дивост и кроткост, каков и да е кога ќе те пречека, секогаш знае да биде достоен домаќин настроен по душата и искреноста со кои си му пристапил. Почитувањето на таа духовна врвотворност е она кое прави секогаш од него да си заминеш поубав, подобар, поискрен, посмирен…поголем Човек.

Испраќање за одново да го пречекаме

Шумска мистика и топол воздух на зајдисонце

Изгрејмесечина

Пелистер, како некоја вечна вистина врвично издигната над кротката и летаргична Пелагонија, секогаш и од секој агол на нашиот крај беспрекорно видлив со своите строги контури кога времето е доволно чисто за да не е завиен во облаци, е стерна на планинскиот шепот кој, штом преку зениците ќе ти се вгнезди во срцето, буди немир за возвис, исконски повик за ново планинска интроспекција која води до најново себеспознание. Таму гордоста понизно може само да му се поклони на возвишителниот принцип на стремежот кон небесниот бескрај. Волјата е прислужничка на намерата, упорноста прислужничка на карактерот, прочистувањето предизвик на срцето, стремежот предизвик на духот. Сите тие манифестирани преку психо-физичкото патеписие и патешествие на желбата за нова врвенственост.

Врвични полноќни дразби и дијалошко тихување

Игра со светлината – Димев врв и ноќното небо во синергија

Глетка кон битолската ноќна настројба

Дијалогичната осаменост на Димев врв.

Во тој поглед, ноќно искачување на Пелистер е планинарска дразба која нуди една нова перцепција на планинската перфекција и природната дивост кои во еден таков потфат зрачат и значат со нови, поразлични импресии кои откриваат поинакви убавини на планината. Комбинирањето на зајдисонце, изгрејмесечина и изгрејсонце со сета исполнителна опстојба која ја нуди врвот, сами по себе се соблазненија кои понираат и допираат до најсредето на нашата духовна и душевна сензитивност.

Тријалогична осаменост

И за(д)умно „(пр)осветление“.

Предизгрејсонцен обден

Првично наѕирање кон врвичното опстоение

Прерождение на сончевината

Да се биде на врвот, значи да се биде самосвесен за својата земска нискост, истовремено и за своето величие преку љубовта која ја разменуваш со планината, со природата, а која се манифестира во безброј опредметени и воздуховени форми.

Стив, Илинден и источното демијуршко облагородение.

Врвично изгрејсонце потпишано со крвична топлина.

Контрастни дразби на обденот

Пелистерскиот објектен габарит и изгревот на Сиракот.

Industrial Sunrise.

Будење на Преспа.

Собирање на минималистичкиот камп

Димев врв и Преспа

Екипата на врвот

Оттука, како некоја стара мудрост, од најдлабоките безграничности на мислата кои тлеат во меморијата,  извишуваат стиховите на Гете со самопарафразирачки изблик:

Цел свет си Пелистере ти,
но без љубов ниту светот е свет,
ниту Пелистер си ти.

Новиот компасен ориентир за околните врвови

Летна планинска позеленетост.

Пелистер – вечна вистина и мудрост

Заедно со погорната панорамска дразба, едно од најубавите и најживописни потпелистерски места – Кунина стена и Пелистер во позадина.

Впивање на природната сладоточност.

И цветоточност.

И медоточност. До следен пат.

Фотографија и текст: Александар Еленин

515 total views, 1 views today

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *